0_Спорт.ПорталКошарка

Ленард: Навивачите што ме исвиркуваа всушност ме сакаат

Лос Анџелес клиперс славеше на гостувањето кај Сан Антонио и тоа беше прва победа за крилниот кошаркар Каваи Ленард, против неговиот поранешен НБА клуб.

Сан Антонио, 22 декември 2019 (МИА) – Лос Анџелес клиперс славеше на гостувањето кај Сан Антонио и тоа беше прва победа за крилниот кошаркар Каваи Ленард, против неговиот поранешен НБА клуб.

Ленард за 27 минути даде 26 поени и првпат победи како гостински играч во салата во која во минатото играше како домаќин. Публиката го исвиркуваше при секој контакт со баскетот, а тој одговори дека со тоа покажале дека го сакаат.

На средбата во Филаделфија, гостинскиот бек Ајзеја Томас беше исклучен поради конфронтација со двајца навивачи кои го навредуваа. Обезбедувањето спречи да дојде до тепачка. Милвоки водеше цел меч во Њујорк, а Јанис Адетокумбо направи трипл-дабл за само 22 минути игра. Харден и Вестбрук заедно уфрлија 77 поени во победата на Хјустон над Феникс, а Минесота има десет порази по ред.

Резултати од натпреварите играни ноќеска: Бруклин – Атланта 122:112, Детроит – Чикаго 109:117, Филаделфија – Вашингтон 125:108, Њујорк – Милвоки 102:123, Мемфис – Сакраменто 119:115, Сан Антонио – ЛА Клиперс 109:134, Феникс – Хјустон 125:139, Портланд – Минесота 113:106. јз/

Таг
Back to top button
Close
Close