0_Спорт.ПорталSport.SlajderОстанато

Леклер ја освои пол-позицијата во Монако и го скрши болидот

Возачот на Ферари, Шарл Леклер, трката за Големата награда на Монако ќе ја започне од првата позиција. На денешните квалификации, тој беше за 0,230 секунди побрз од Макс Верстапен од Ред Бул.

Монако, 22 мај 2021 (МИА) – Возачот на Ферари, Шарл Леклер, трката за Големата награда на Монако ќе ја започне од првата позиција. На денешните квалификации, тој беше за 0,230 секунди побрз од Макс Верстапен од Ред Бул.

Трето време имаше Валтери Ботас од Мерцедес.

И покрај освоената пол-позиција, Леклер пред крајот на квалификациите сакајќи уште повеќе да го подобри своето време, излета од патеката и удри во заштитната ограда.

Актуелниот светски првак и лидер во поредокот во Формула 1 шампионатот, Луис Хамилтон, денес оствари седми резултат.

Главната трка за Големата награда на Монако ќе стартува утре во 15 часот. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close