Дописници МКДОпштински вести

Лекари и медицински сестри од Делчево ја примија првата доза вакцина против Ковид-19

Вкупно четири доктори и четири медицински сестри од Делчево ја примија првата доза вакцини против ковид-19. Докторката Соња Мавродиева Георгиевска, координатор на Здружението на приватни лекари на Македонија за општина Делчево истакна дека вакцинирањето се одвивало во најдобар ред без негативни реакции по вакцинираните лекари и здравствени работници.

Делчево, 6 март 2021 (МИА) – Вкупно четири доктори и четири медицински сестри од Делчево ја примија првата доза вакцини против ковид-19. Докторката Соња Мавродиева Георгиевска, координатор на Здружението на приватни лекари на Македонија за општина Делчево истакна дека вакцинирањето се одвивало во најдобар ред без негативни реакции по вакцинираните лекари и здравствени работници.

-Апликацијата на вакцината не е болна, кај дел од здравствените работници имаше болка во смисла на затегање на местото на убод, но кај ниту еден од нив не е утврдена никаква негативна реакција. Вакцинирани се осум здравствени работници, меќу кои четири лекари и четири медицински сестри, истакна Георгиевска.

Таа додаде дека веќе им е закажана и втората доза од вакцината, за што имаат уредно известување кога истата ќе биде реализирана.

-Терминот за втора доза согласно претходно закажаниот термин веќе е закажан. За дел од здравствените работници, поради оправдани причини, вакцинацијата е презакажана, додаде Мавродиева Георгиевска.
Во меѓувреме како што истакна директорката Марија Глигоровска, здравствениот дом „Гоце Делчев“ се подготвува за вакцинирање на населението, кое според неа ќе започне веднаш по пристигнувањето на првите количини во делчевската амбуланта.вс/бт/

Таг
Back to top button
Close
Close