0_Спорт.ПорталSport.SlajderКошаркаРезултати

Леброн со трипл-дабл, Адетокунбо со дабл-дабл, ги предводеа своите тимови до нови победи

Најуспешните екипи во Западната и Источната конференција од НБА лигата, Лос Анџелес лејкерс и Милвоки бакс забележаа нови победи, најмногу по заслуга на првите ѕвезди во своите редови, Леброн Џејмс и Јанис Адетокунбо.

Лос Анџелес, 2 јануари 2020 (МИА) – Најуспешните екипи во Западната и Источната конференција од НБА лигата, Лос Анџелес лејкерс и Милвоки бакс забележаа нови победи, најмногу по заслуга на првите ѕвезди во своите редови, Леброн Џејмс и Јанис Адетокунбо.

Леброн мечот со Феникс го заврши со трипл-дабл ефект – 31 поен, 13 скокови и 12 асистенции.

Адетокунбо на средба со Минесота застана на 32 поена надополнети со 17 скока.

Резултати на натпреварите од НБА лигата одиграни ноќта меѓу среда и четврток:
Вашингтон – Орландо 101:122
Њујорк – Портланд 117:93
Милвоки – Минесота 106:104
ЛА лејкерс – Феникс 117:107.

Лејкерс е лидер на Запад со 27 победи и седум порази, Милвоки води во Источната конференција со биланс 31-5. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close