0_Спорт.ПорталSport.SlajderКошарка

Леброн: Сезоната не може да продолжи директно со плеј-офот

Sвездата на Л.А. Лејкерс учествуваше во интервју со неговите поранешни соиграчи на Кливленд, Ричард Џеферсон и Чанинг Фрај, на подкастот „Роуд Трипин“, а едно од прашањата беше конкретно за форматот на Лигата.

Лос Анџелес, 26 март 2020 (МИА) – Леброн Џејмс не е обожавател на опцијата НБА сезоната да го прескокне клучниот дел од регуларната сезона и директно да влезе во плејофот.

Sвездата на Л.А. Лејкерс учествуваше во интервју со неговите поранешни соиграчи на Кливленд, Ричард Џеферсон и Чанинг Фрај, на подкастот „Роуд Трипин“, а едно од прашањата беше конкретно за форматот на Лигата.

– Она што едноставно не може да се стори е да се игра директно плеј-оф. Затоа што ги дискредитира 60-те меча во кои момчињата се бореа за своите позиции, рече Леброн.

НБА се уште не донеле одлука што да прави со остатокот од сезоната и во плеј-офот. Од екипата на подкастот предлагаа да се одигра мини турнир во Западната конференција со формат 3 освоени од вкупно 5 средби помеѓу екипите на позициите 8-ми до 11-ти за да се одреди последниот учесник во плеј-офот на Западот.

Таг
Back to top button
Close
Close