0_Спорт.ПорталКошарка

Леброн обвинет за неверство со моделот Џамора

Лидерот на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс е обвинет за мамење на сопругата со манекенката Софија Џамора.

Лос Анџелес, 5 мај 2020 (МИА) – Лидерот на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс е обвинет за мамење на сопругата со манекенката Софија Џамора.

– Дали сум единствената која не е обожавателка на Леброн Џејмс? Веројатно. Факт е дека  никогаш не сум била љубител на оние момци кои ги изневеруваат своите сопруги, особено со Софија Џамора, напиша на Инстаграм, Ерза Халити, сопругата на играчот од НФЛ Ник Ванет.

Претходно, Халити и 22-годишната Џамора беа блиски пријателики.

Кошаркарот Џејмс е во брак со Савана Бринсон од 2013 година. Тој неа ја запознал на училиште. Брачната двојка има три деца. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close