0_Спорт.ПорталКошарка

Леброн може да го пропушти натпреварот со Бруклин поради повреда

Кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс може да го пропушти натпреварот со Бруклин во вторник поради повреда на бутните мускули.

Лос Анџелес, 10 март 2020 (МИА) – Кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс може да го пропушти натпреварот со Бруклин во вторник поради повреда на бутните мускули.

Учеството на Џејмс на средбата е доведено во прашање.

Џејмс и претходно во тековната сезона поради проблеми со препоните пропушти неколку натпревари. Неговиот сегашен учинок е 25,7 поени, 7,8 скокови и 10,6 асистенции во просек по натпревар. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close