0_Спорт.ПорталКошарка

Леброн е среќен за одлуката на Адетокунбо да остане во Милвоки

Кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс, призна дека е среќен за Милвоки, што ќе го задржи Јанис Адетокунбо во составот.

Лос Анџелес, 16 декември 2020 (МИА) – Кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс, призна дека е среќен за Милвоки, што ќе го задржи Јанис Адетокунбо во составот.

– Тие се обидоа да состават одличен тим. Очигледно направија доволно за да го задржат Јанис во своите редови. Одлично е што Јанис ќе остане со Бакс. Тој е посветен на овој клуб, и ова е најважно за двете страни, изјави Џејмс.

Милвоки бакс ќе го потпише најголемиот договор со еден кошаркар во историјата на НБА – 228,2 милиони долари за петгодишна верност. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close