0_Спорт.ПорталКошарка

Леброн ја пофали одбраната на Дејвис

Суперesвездата на Лејкерс се изрази исклучително позитивно во однос на дефанзивните вештини на „веѓата“, со кој се воиграа навистина многу брзо.

Лос Анџелес, 20 ноември 2019 (МИА) – Леброн Џејмс изјави дека ако наградата „Дефанзивец на годината“ се доделува во овој момент, несомнено ќе отиде кај Ентони Дејвис.

Суперesвездата на Лејкерс се изрази исклучително позитивно во однос на дефанзивните вештини на „веѓата“, со кој се воиграа навистина многу брзо.

„Знаеме колку е силен во одбраната на Еј Ди. Тој во моментов е „Дефанзивец на годината“. Само погледнете ја неговата статистика, како и работите што тој ги прави секоја вечер на теренот, рече Џејмс по победата над Оклахома Сити Тандер, која е број 12 досега восезоната заЛејкерс.

Сепак, осум од тие победи беа остварени во „Стејплс“ центарот во Л.А.

Таг
Back to top button
Close
Close