0_Спорт.ПорталSport.SlajderРакомет

ЛЕ: Металург го победи Криенс

Тимот од Автокоманда иако губеше во поголемиот дел од второто полувреме, сепак покажа карактер во последните минути и запиша победа.

Скопје, 22 септември 2020 (МИА) – Ракометарите на Металург го совладаа швајцарски Криенс со 26-24 (14-13) во меч од второто квалификациско коло во Лига Европа одигран во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.

Тимот од Автокоманда иако губеше во поголемиот дел од второто полувреме, сепак покажа карактер во последните минути и запиша победа.

Хорват и Тарабокија со по осум гола беа најефикасните на оваа средба.

Реваншот ќе се игра за една недела во Цирих, кога ќе биде одреден и патникот во групната фаза од Лигата на Европа.

Таг
Back to top button
Close
Close