ЕвропаЕвропа.ПорталСвет.Слајдер

Ле Мер: Договорот на ЕУ е можен и неопходен

Договорот на државите на ЕУ за планот за обнова „е можен и неопходен“, рече денеска францускиот министер за економија Бруно Ле Мер, во изјава по три дена преговори меѓу претставниците на Унијата, кои сè уште не донеле резултати.

Париз, 20 јули 2020 (МИА)Договорот на државите на ЕУ за планот за обнова „е можен и неопходен“, рече денеска францускиот министер за економија Бруно Ле Мер, во изјава по три дена преговори меѓу претставниците на Унијата, кои сè уште не донеле резултати.

– Прашањето за овие преговори што се одвиваат во Брисел е дали Европа ќе биде меѓу големите сили во 21 век или не, предупреди Ле Мер.

Лидерите на 27 земји-членки на Европската унија ги продолжија маратонските разговори и по полноќ во Брисел во обид да постигнат договор за пакетот за економско закрепнување на Унијата од последиците од кризата предизвикана од Ковид-19.

Портпаролот на претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, на Твитер, во шест часот изутринава, соопшти дека нова пленарна сесија е закажана за денеска во 16 часот. паг/

Таг
Back to top button
Close
Close