0_Спорт.ПорталSport.SlajderКошаркаРезултати

Лејкерси го добија дербито на Западот против Хјустон

Тимот од Калифорнија покажаа цврста одбрана, принудувајќи го противникот да промаши 14 од првите 16 удари во третата четвртина.

Хјустон, 19 јануари 2020 (МИА) – Лос Анџелес Лејкерс синоќа запишаа победа во дербито на Западната конференција. „Езерџиите“ ги победија „ракетите“ од Хјустон со 124: 115, иако заостануваа со 6 поени на паузата, но успеаја да направат пресврт по 32:17 во третата четвртина.

Тимот од Калифорнија покажаа цврста одбрана, принудувајќи го противникот да промаши 14 од првите 16 удари во третата четвртина.

Леброн Џејмс, кој заврши со 31 поен и 12 асистенции, имаше главен придонес за пресвртот. Кајл Кузма додаде 23 поени, додека Дани Грин и Кентавиус Калдвел-Поуп завршија со по 20.

За Хјустон, ѕвездите Расел Вестбрук со 35 поени и Џејмс Харден со 34 беа најефикасн, но тоа не беше доволно за победа на домашен терен.

Резултати од НБА

Њу Орлеанс – ЛА Клиперс 130: 133
Бруклин – Милвоки 97: 117
Бостон – Феникс 119: 123
Атланта – Детроит 103: 136
Њујорк – Филаделфија 87:90
Чикаго – Кливленд 118:116
Минесота – Торонто 112:122
Хјустон – ЛА Лејкерс 115:124
Голден Стејт – Орландо 109: 95
Оклахома – Портланд 119: 106
Јута – Сакраменто 123: 101

Таг
Back to top button
Close
Close