0_Спорт.ПорталКошаркаРезултати

Лејкерс убедливи против Њујорк, Оклахома по продолжение подобра од Бруклин

Кошаркарите на Лос Анџелес лејкерс се вториот тим кој оваа сезона стигнаа до 30 победи. Тие утринава на домашен терен забележаа триумф над Њујорк никс со 30 поени разлика. Најдобар играч на мечот беше Леброн Џејмс со 31 постигнат поен.

Лос Анџелес, 8 јануари 2020 (МИА) – Кошаркарите на Лос Анџелес лејкерс се вториот тим кој оваа сезона стигнаа до 30 победи. Тие утринава на домашен терен забележаа триумф над Њујорк никс со 30 поени разлика. Најдобар играч на мечот беше Леброн Џејмс со 31 постигнат поен.

И вториот НБА-тим од Њујорк, екипата на Бруклин нетс запиша пораз, откако по продолжение го загуби дуелот со Оклахома.

Резултати:
Кливленд – Детроит 113:115
Торонто – Портланд 99:101
Бруклин – Оклахома Сити 103:111 (по продолжение)
Мемфис – Минесота 119:112
Феникс – Сакраменто 103:114
ЛА лејкерс – Њујорк 117:87.

Во Западната конференција води Лејкерс со биланс 30-7 (победи-порази), на Исток прв е Милвоки бакс со скор 32-6. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close