0_Спорт.ПорталКошарка

Лејкерс го имаат најдобриот почеток во последните 34 години

Екипата на Лос Анџелес лејкерс ноќеска го победи Орландо за 22 победа на 25 натпревари во досегашниот дел од сезоната.

Лос Анџелес, 12 декември 2019 (МИА) – Екипата на Лос Анџелес лејкерс ноќеска го победи Орландо за 22 победа на 25 натпревари во досегашниот дел од сезоната.

За Лејкерс ова е најдобриот почеток на една сезона во НБА лигата од 1985 година.

Еден од најзаслужните за ваквиот биланс на тимот од Калифорнија е Леброн Џејмс кој на последниот дуел забележа трипл-дабл со 25 поени, 11 скока и 10 асистенции. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close