0_Спорт.ПорталSport.SlajderКошаркаРезултати

Лејкерс ја бележат најлошата серија од почетокот на сезоната

Актуелниот НБА шампион, Лос Анџелес Лејкерс, рано утрово претрпе висок пораз на гостувањето кај Јута џез со резултат 114:89.

Солт Лејк Сити, 25 февруари 2021 (МИА) – Актуелниот НБА шампион, Лос Анџелес Лејкерс, рано утрово претрпе висок пораз на гостувањето кај Јута џез со резултат 114:89.

Лејкерс ја има најлошата серија во сезоната со четири последователни порази.

Со биланс 22 победи и 11 порази, ЛА лејкерс се на третото место на табелата во Западната конференција.

„Езерата“ периодов играат без повредениот Ентони Дејвис. Нивен следен натпревар е со Портланд в сабота наутро. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close