0_Магазин.ПорталСцена

Лејди Гага најави нов албум за 29 мај

Албумот бил планиран за порано, но пејачката не сакала да го објави поради пандемијата на коронавирусот.

Лос Анџелес, 11 мај 2020 (МИА) – Американската пејачка Лејди Гага на Инстаграм соопшти дека на 29 мај ќе објави нови албум. Тој ќе биде насловен „Chromatica” и ќе има 16 песни.

Албумот бил планиран за порано, но Лејди Гага не сакала да го објави поради пандемијата на коронавирусот.

„Ова е доста страшно време за сите нас и додека бев уверена дека уметноста е најсилно нешто што ни овозможува радост и исцелување, сфатив оти едноставно не е в ред од моја страна да објавам нов албум во услови на светска пандемија… Но, патешествието продолжува“, напиша таа.  си/сд/

Таг
Back to top button
Close
Close