0_Спорт.ПорталSport.SlajderРезултатиФудбал

ЛЕ: Адеми ја мина групната фаза, Елмас ќе чека разврска во последното коло

Македонскиот фудбалски репрезентативец Аријан Адеми обезбеди „европска пролет“ со Динамо Загреб во Лигата на Европа (ЛЕ), додека неговиот репрезентативен колега Елиф Елмас шансата да ја мине групната фаза со својот Наполи ќе мора да ја бара во последното коло.

Ротердам, 3 декември 2020 (МИА) – Македонскиот фудбалски репрезентативец Аријан Адеми обезбеди „европска пролет“ со Динамо Загреб во Лигата на Европа (ЛЕ), додека неговиот репрезентативен колега Елиф Елмас шансата да ја мине групната фаза со својот Наполи ќе мора да ја бара во последното коло.

Адеми го одигра целиот меч и запиша асистенција во триумфот на Динамо на гостински терен кај Феенорд од 2:0 во претпоследното коло во К-групата.

За македонскиот репрезентативец ова беше 77. „европски“ натпревар во дресот на Динамо со што постави нов клупски рекорд, додека хрватскиот првак стана првиот клуб во ЛЕ кој ја минал групната фаза без примен гол.

Елмас влезе од клупата за резерви и одигра половина час во ремитото на Наполи на гостувањето кај АЗ Алкмар од 1:1 со што разврската во Ф-групата е пролонгирана за идниот четврток во последното, шесто коло.

Риека на Дарко Велковски со бод се прости од ЛЕ, откако одигра 2:2 на гости против Реал Сосиедад во меч во кој македонскиот репрезентативец го постигна водечкиот гол за хрватскиот тим. ег/зс/

Таг
Back to top button
Close
Close