0_Спорт.ПорталSport.SlajderРакомет

Лазаров рекордер по број на настапи во Лигата на шампионите

Селекторот и капитен на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, стана рекордер по број на одиграни натпревари во Лигата на шампионите.

Киелце, 8 април 2021 (МИА) – Селекторот и капитен на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, стана рекордер по број на одиграни натпревари во Лигата на шампионите.

Лазаров кој настапува за Нант, синоќа на гостувањето кај Киелце, го одигра својот 250. натпревар во елитното ракометно натпреварување.

Досегашниот рекорд му припаѓаше на легендарниот голман Арпад Штербик со 249 настапи, а трет на вечната листа е уште еден голман, Тиери Омејер со 240 настапи.

Воедно, Лазаров е и најдобриот стрелец во историјата на Лигата на шампионите.

Македонецот има двојна причина за славје, бидејќи покрај рекордот, неговиот тим Нант го победи Киелце со 34:31 и се пласира во четвртфиналето на ЛШ. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close