0_Спорт.ПорталSport.SlajderОстанато

Лазаревски претпоследен во супер-велеслалом на младинските ОИ во Лозана

Трката ја завршија 57 скијачи од вкупно 63 кои се пријавија за супер-велеслаломот, а нашиот претставник ја помина трасата за 1:03.43 минути, што е за 8.87 секунди послабо време од победникот, Швеѓанецот Адам Хофштед.

Лозана, 10 јануари 2020 (МИА) – Мирко Лазаревски го заврши супер-велеслаломот на Зимските младински олимписки игри во Лозана на претпоследното 56. место.

Трката ја завршија 57 скијачи од вкупно 63 кои се пријавија за супер-велеслаломот, а нашиот претставник ја помина трасата за 1:03.43 минути, што е за 8.87 секунди послабо време од победникот, Швеѓанецот Адам Хофштед.

Сребрениот медал го освои Рок Азнох (Словенија), а бронзата Лук Родит (Швајцарија).

Лазаревски утре од 10.30 часот ќе се натпреварува и во слалом, а тој е единствениот македонски претставник во алпско скијање на Зимските младински олимписки игри.

Таг
Back to top button
Close
Close