Svet.SlajderЕвропаЕвропа.Портал

Лавров: Русија е подготвена со сите да преговара за разоружувањето

Москва е подготвена за мултилатерални разговори за разоружување со сите земји со нуклеарен потенцијал, изјави денеска шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, за време на видео обраќањето пред учесниците на конференцијата за разоружување во Женева.

Москва, 24 февруари 2021 (МИА) – Москва е подготвена за мултилатерални разговори за разоружување со сите земји со нуклеарен потенцијал, изјави денеска шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, за време на видео обраќањето пред учесниците на конференцијата за разоружување во Женева.

Тасс пренесува дека Лавров потврди дека Русија ќе продолжи да дава значителен практичен придонес во процесот на ракетно и нуклеарно разоружување.

-Следниот чекор на овој пат ќе бара вклучувањето на сите земји со нуклеарни можности, особено на Велика Британија и Франција. Русија е отворена за мултилатерални преговори засновани на консензус, истовремено почитувајќи ги легитимните интереси на сите страни и со нивна согласност, Рече рускиот министер за надворешни работи на конференцијата во Женева.сд/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close