ЕвропаЕвропа.Портал

Лавров: Нуклеарниот договор во опасност без соработка со Запад

Западните земји потписнички на иранскиот нуклеарен договор мора да се придржуваат кон своите обврски, во спротивно договорот ќе престане да постои, предупреди денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Москва, 30 декември 2019 (МИА) – Западните земји потписнички на иранскиот нуклеарен договор мора да се придржуваат кон своите обврски, во спротивно договорот ќе престане да постои, предупреди денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

– Ако западните партнери не се во состојба да се вратат во целосна согласност со нивните обврски од нуклеарниот договор, што исто така би водело до тоа Иран да се врати на своите обврски, договорот повеќе нема да постои, рече Лавров по разговорите со иранскиот колега Мохамед Џавад Зариф во Москва.

Договорот што Иран го потпиша со САД, Велика Британија, Франција, Германија, Русија и Кина во 2015 година предвидува укинување на санкциите за таа земја во замена за ограничувања во нејзината нуклеарна програма.

САД еднострано се повлекоа од договорот кон крајот на минатата година и воведоа остри санкции спречувајќи Иран да извезува сурова нафта.

Техеран изврши притисок врз европските потписнички да најдат начин да го намалат влијанието на санкциите врз иранската економија.

Како одговор на санкциите, Иран полека започна да ја намалува усогласеноста со договорот, предизвикувајќи осуда на западните земји и зголемување на тензиите во регионот, додека Русија и Кина ги обвинуваат САД за ваквите случувања. паг/

Таг
Back to top button
Close
Close