Svet.SlajderЕвропаЕвропа.Портал

Лавров: НАТО почнува опасна игра во вселената и кибер просторот

Плановите на НАТО да ги прогласи вселената и кибер просторот за свој оперативен домен го поткопуваат глобалниот систем за стратешка стабилност, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на денешната средба на рускиот Совет за меѓународни работи.

Москва, 21 јануари 2020 (МИА) – Плановите на НАТО да ги прогласи вселената и кибер просторот за свој оперативен домен го поткопуваат глобалниот систем за стратешка стабилност, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на денешната средба на рускиот Совет за меѓународни работи.

Тој посочи на филмовите чија цел е да ги зголемат тензиите во областа на стратешката стабилност и нуклеарното оружје и истакна дека НАТО започнува прилично опасна игра со прогласување на вселената и кибер просторот за свои оперативни домени.

– Поединци на Западот продолжуваат да бидат водени не само од вчерашната логика, туку од логиката од претходниот ден, со цел да ја вратат својата поранешна глобална доминација со преземање на повеќе агресивни активности, рече Лавров.

Тој оцени дека ситуацијата со глобалната стратешка стабилност сега е под напад.

– Американците уништија два од трите најважни договори – Договорот за ограничување на системот на противракетна одбрана и Договорот за забрана на ракети од среден и кус дострел, додека иднината на новиот договор СТАРТ останува неизвесна, иако е последно средство во областа на стратешката стабилност, рече Лавров.

Тој истакна дека Русија повеќе пати му испраќала на Вашингтон иницијатива за продолжување на договорот и дека претседателот Валдимир Путин во неколку наврати рекол дека тој сè уште е на маса, но останале без одговор. ссм/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close