Svet.SlajderСветСвет.Портал

Лавров идната недела во Вашингтон на средба со Помпео

Помпео ќе биде домаќин на Лавров во вторник, а се очекува заедничка прес-конференција по разговорите, соопштија двајца неименувани официјални лица.

Вашингтон, 7 декември 2019 (МИА) – Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров следната недела ќе го посети Вашингтон за да се сретне со државниот секретар Мајк Помпео, соопштија американски официјални претставници.

Помпео ќе биде домаќин на Лавров во вторник, а се очекува заедничка прес-конференција по разговорите, соопштија двајца неименувани официјални лица.

Не е познато дали Лавров за време на патувањето планирал други состаноци. Официјалните лица сакаа да останат анонимни затоа што не беа овластени јавно да зборуваат за планираната средба.

Извори велат дека Помпео и Лавров ќе разговараат за контролата на оружјето, ситуацијата во Украина и Сирија и други прашања околу тензичните односи меѓу САД и Русија. зш/

Back to top button
Close
Close