СветСвет.Портал

Лавров и Гутереш разговараа за Сирија, Либија и коронавирусот

Решавањето на конфликтите во Сирија и Либија и борбата против коронавирусот беа во фокусот на телефонскиот разговор меѓу рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи.

Москва, 1 јуни 2020 (МИА) – Решавањето на конфликтите во Сирија и Либија и борбата против коронавирусот беа во фокусот на телефонскиот разговор меѓу рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи.

Клучно внимание било посветено на проблемите во Сирија и Либија со фокус на одредени аспекти на активностите на Обединетите нации за овие прашања, се наведува во документот.

Двајцата функционери разговараа и за работата на Светската здравствена организација во одговорот на последиците од пандемијата на коронавирусот. јт/

Таг
Back to top button
Close
Close