0_Спорт.ПорталФудбал

Лапорта има намера да ги донесе на „Камп ноу“ Алаба и Агуеро

Плановите за трансфери на новиот претседател на Барселона, Жоан Лапорта станаа познати. Менаџерот сака да ги ангажира напаѓачот на Манчестер сити, Серхио Агуеро и дефанзивецот на Баерн, Давид Алаба.

Барселона, 9 март 2021 (МИА) – Плановите за трансфери на новиот претседател на Барселона, Жоан Лапорта станаа познати. Менаџерот сака да ги ангажира напаѓачот на Манчестер сити, Серхио Агуеро и дефанзивецот на Баерн, Давид Алаба.

Договорите на двајцата фудбалери со клубовите истекуваат ова лето. Играчите ќе станат слободни агенти по крајот на сезоната.

Се шпекулира дека Алаба е заинтересиран да се пресели во Барса и дека има начелен вербален

договор за ваков трансфер.

Што се однесува до Агуеро, тој наводно, ќе биде воодушевен што ќе и се приклучи на Барселона. Неговиот агент им соопштил на Лапорта и на Виктор Фонт кој беше конкурент за претседател на клубот, дека Агуеро е подготвен да направи намалување на платата, но сака да добие бонус за потпис. Се верува дека пријателството на Агуеро со Меси може да му помогне на Лапорта да го убеди Лео да остане во Барса. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close