Дописници МКДОпштински вести

Лани во тетовско 1059 посети на матичниот лекар поради малигни заболувања

Во текот на 2020 година, Службата за социјална медицина и статистика при Центар за јавно здравје Тетово бележи 1059 посети на матичен лекар врз основа на неоплазма – малигно заболување на одреден орган. Станува збор за вкупна бројка од 1059 посети на матичен лекар на тетовскиот регион кај кои дел се однесуваат за лица со новодијагностицирана малигна болест, но и на веќе постоечки болни поради прегледи, контроли и рецепти.

Тетово, 4 февруари 2021 (МИА) – Во текот на 2020 година, Службата за социјална медицина и статистика при Центар за јавно здравје Тетово бележи 1059 посети на матичен лекар врз основа на неоплазма – малигно заболување на одреден орган. Станува збор за вкупна бројка од 1059 посети на матичен лекар на тетовскиот регион кај кои дел се однесуваат за лица со новодијагностицирана малигна болест, но и на веќе постоечки болни поради прегледи, контроли и рецепти.

-Во евиденција на матични лекари за малигни заболувања што доставиле до Центарот за јавно здравје, доминираат заболување на дојка, на второ место се тие на респираторни органи и на трето место на дигестивен тракт, информираат од Службата за социјална медицина и статистика.

Од таму потенцираат дека бројката е само приказ на посетите на матични лекари додека не се евидентирани малигни заболувања констатирани во Клиничка болница во Тетово и другите јавни и приватни клиники и болници.

Денеска 4 февруари здравствените организации го одбележуваат како Светскиот ден на ракот, со цел подгнување на свеста и спречување на милиони смртни случаи.

Ракот е болест која се јавува кога промените во групата нормални клетки во организмот доведуваат до неконтролиран, абнормален раст, формирајќи грутка наречена тумор. Туморите можат да се поделат во три групи: бенигни, малигни и преканцерози. Во светот 9,6 милиони луѓе умираат од рак секоја година, се вели во извештајот на Институтот за јавно здравје по повод денешниот ден.

Мотото на одбележувањето на Светскиот ден на ракот годинава е „Јас сум и Јас ќе“. ас/фф/

Back to top button
Close
Close