0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталОпштество

Лани потрошени 7,6 милијарди денари за заштита на животната средина, најмногу средсства за управување со отпадни води

Вредноста на трошоците за заштита на животната средина направена во 2019 година изнесуваат 7.579.784 илјади денари, објави Државниот завод за статистика, а најголеми се трошоците за управување со отпадни води на кои отпаѓаат 31,48 отсто.

Скопје, 9 септември 2020 (МИА) – Вредноста на трошоците за заштита на животната средина направена во 2019 година изнесуваат 7.579.784 илјади денари, објави Државниот завод за статистика, а најголеми се трошоците за управување со отпадни води на кои отпаѓаат 31,48 отсто.

Во вкупните трошоци за заштита на животната средина  трошоците за постапување со отпад учествуваат со 25,06 отсто и на трошоците за циркулациски системи за снабдување со вода 23 отсто.

Трошоците за заштита на животната средина се состојат од две компоненти: инвестиции во средства за заштита на животната средина и трошоци за одржување на средствата за заштита на животната средина. Учеството на инвестициите во вкупните трошоци за заштита на животната средина изнесува 58,07 отсто, а учеството на трошоците за одржување во вкупните трошоци за заштита на животната средина изнесува 41,93  отсто.

Од вкупните трошоци за заштита на животната средина, најмногу трошоци се направени во индустријата и специјализираните производители во износ од 4.577.086 илјади денари, односно 60,39 отсто.

Од направените трошоци за заштита на животната средина во индустријата и специјализираните производители, 61,28 отсто се наменети за инвестиции, а 38,72 отсто се за одржување на средствата.

Од вкупните плаќања и надоместоци за извршени услуги за заштита на животната средина, најголемо е учеството на платените надоместоци за постапување со отпад, 80,30 отсто. скс/сп/

Back to top button
Close
Close