0_Спорт.ПорталСпорт.СлајдерФудбал

Лампард влезе во „Куќата на славните“ на Премиер лигата

Поранешниот фудбалер и тренер на Челзи, Френк Лампард, стана член на „Куќата на славните“ на Премиер лигата.

Лондон, 19 мај 2021 (МИА) – Поранешниот фудбалер и тренер на Челзи, Френк Лампард, стана член на „Куќата на славните“ на Премиер лигата.

На 609 натпревари во Премиер лигата, Лампард постигна 177 голови и забележа 102 асистенции. Три пати беше шампион на Англија, а еднаш ја доби наградата за најдобар играч во сезоната.

Лампард е петти член на Куќата на славните на Премиер лигата. Претходно, во неа влегоа Алан Ширер, Тиери Анри, Ерик Кантона и Рој Кин. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close