0_Спорт.ПорталФудбал

Лампард веќе се откажа од трката за шампионската титула

Тренерот на Челзи, Френк Лампард изјави дека тимот нема да се бори за шампионската титула во Англија оваа сезона.

Лондон, 28 декември 2020 (МИА) – Тренерот на Челзи, Френк Лампард изјави дека тимот нема да се бори за шампионската титула во Англија оваа сезона.

– Едноставно немаме доволно сила. Во Англија нè нарекуваат претенденти за титулата, но не се согласувам со нив. Засега, ни треба време да изградиме мускули. Прво, да погледнеме што се случи против Арсенал, изјави Лампард за „Goal.com“.

Во моментов лондонци се на осмото место во Премиер лигата со 25 бода. Ливерпул е лидер со 32 поени. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close