0_Спорт.ПорталФудбал

Лампард: Трансферот на Вернер не значи дека ќе се бориме за титулата

Тренерот на Челзи, Френк Лампард, го сподели своето мислење за засилувањето со напаѓачот Тимо Вернер.

Лондон, 26 јуни 2020 (МИА) – Тренерот на Челзи, Френк Лампард, го сподели своето мислење за засилувањето со напаѓачот Тимо Вернер.

– Нема да кажам дека трансферот на еден играч значи дека ќе се бориме за титулата. Ливерпул и Манчестер сити се едни од најдобрите екипи во светот, ако не и најдобрите. Знаеме кои сме и каде сме во лигата, а исто така има разлика меѓу нас. Треба да се направи многу работа на тренинзите за да се доближиме до нив, изјави Лампард.

Челзи вчеравечер го победи Манчестер сити и на седум кола до крајот на сезоната во Премиер лигата го промовира Ливерпул во нов шампион. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close