0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Лампард: Сакам да освојам трофеј за мојот тим

Лампард призна дека не разговарал со сопственикот на „сините“ - Роман Абрамович, но нема потреба.

Лондон, 1 август 2020 (МИА) – Менаџерот на Челси, Франк Лампард, го коментираше претстојниот судир за ФА Купот, во кој „сините“ ќе се соочат со Арсенал во потрага по трофејот.

– Ние сакаме да победиме, тоа е едноставно. Знам колку е важен овој трофеј за навивачите, затоа сакам да го освојам за нив и за мојата екипа. Пораснав гледајќи го финалето на ФА Купот, се сеќавам на сите многу добро. Ако ми дадете 5 минути, ќе ги набројам сите од 90-тите. Има некоја магија во тоа како се чувствувате откако ќе победите. Јас сè уште го имам тоа чувство во себе, па ќе се обидам да им помогнам на моите играчи и навивачи да се чувствуваат на ист начин, вели тренерот.

Лампард призна дека не разговарал со сопственикот на „сините“ – Роман Абрамович, но нема потреба.

– Нема потреба од повик или порака, бидејќи ја чувствував неговата поддршка постојано откако ја презедов работата. Тој ме поддржуваше уште како играч, сега сакам да му вратам, посочува Лампард.

Поранешниот халф на Челси призна дека нема да се фокусира на слабата игра на Давид Луис и нема да се обиде да ја искористи.

– Јас не го гледам Луис како „слаба точка“ на Арсенал. Јас многу го почитувам, ние бевме соиграчи, ја освоивме Лигата на шампионите заедно. Тој беше дел од нешто големо. Покрај тоа, тој има добро срце. Знам колку е корисен за тимот. па јас го гледам како добар фудбалер, рече менаџерот.

Таг
Back to top button
Close
Close