0_Спорт.ПорталФудбал

Лампард: Не сакам да го објаснам неуспехот со некаков умор

Тренерот на Челси, Френк Лампард, беше незадоволен од играта на тимот во натпреварот од 17. коло од шампионатот на Англија против Бурнемут (0:1).

Лондон, 14 декември 2019 (МИА) – Тренерот на Челси, Френк Лампард, беше незадоволен од играта на тимот во натпреварот од 17. коло од шампионатот на Англија против Бурнемут (0:1).

– Не сакам да го објаснам неуспехот со некаков замор. Факт е дека кога играме против екипи кои се длабоко дефанзивни и добро организирани, не можеме да го најдеме патот до голот на противникот. Треба да играме побрзо. Треба да дејствуваме поинтензивно, побрзо. Играме премногу внимателно. Мислам дека тоа не е страв, но пред нашите навивачи, не играме доволно добро. Да бев навивач, би рекол дека постапивме премногу бавно. Не можам да ги обвинам навивачите за ваквиот став. Дел од одговорноста е на играчите. Тие треба да играат на начин што ги плени фановите, изјави Лампард.

Челзи по 17. кола се наоѓа на 4. место во Премиер лигата со 29 бода, 20 помалку од лидерот Ливерпул. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close