0_Спорт.ПорталФудбал

Лампард: Малкумина успеваат да постигна четири гола против Кристал Палас

Тренерот на Челзи, Френк Лампард го сумираше натпреварот против Кристал Палас (4:0) во рамките на 4. коло од Премиер лигата.

Лондон, 3 октомври 2020 (МИА) – Тренерот на Челзи, Френк Лампард го сумираше натпреварот против Кристал Палас (4:0) во рамките на 4. коло од Премиер лигата.

– Малкумина можат да постигнат четири гола на Кристал Палас. Добро го започнавме натпреварот, но потоа малку забавивме. Требаше да покажеме нешто повеќе. Одлично е што постигнавме четири гола. Требаше да го вградиме Бен Чилвел во игра. Денес тој се снаоѓаше одлично. Бен знае како да се крене високо во нападот, што е добро, а покрај тоа, тој има и вештини во однос на работата со топката. Абрахам се обиде да му ја одземе топката на Жоржињо и да го шутира вториот пенал. Ние веќе сфативме, нема проблеми. Ми требаат водачи и малку конфликт. Добро е што Тами е ентузијаст, но тоа не го става на списокот на изведувачи на пенали, изјави Лампард.

Челзи по четири кола има две победи, еден нерешен резултат и еден пораз. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close