0_Спорт.ПорталФудбал

Лаказет се запиша во историјата на Премиер лигата

Напаѓачот на Арсенал, Александар Лаказет го отвори резултатот на натпреварот од 1. коло во Англија против Фулам.

Лондон, 12 септември 2020 (МИА) – Напаѓачот на Арсенал, Александар Лаказет го отвори резултатот на натпреварот од 1. коло во Англија против Фулам.

Напаѓачот погоди во деветтата минута од средбата. Овој гол беше прв во новата сезона во Премиер лигата.

Лаказет влезе во историјата на лигата како прв фудбалер кој го постигнал првиот гол во сезоната повеќе од еднаш. За прв пат Французинот успеа да погоди во сезоната 2017/18, во натпревар со Лестер (4:3).

Денешниот дуел со Фулам, Арсенал како гостин го доби со 3:0. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close