0_Македонија.ПорталОпштество

Лајонс клуб Алфа подели храна за семејства од ранливи категории

Лајонс Клуб Алфа - Скопје, на семејства од ранливи категории кои живеат во Богданци, Демир Капија, Битола, Прилеп и Скопје им додели 300 пакетчиња за деца и околу 200 пакети храна и хигиенски маски за една и за повеќе употреби.

Скопје, 30 декември 2020 (МИА) – Лајонс Клуб Алфа – Скопје, на семејства од ранливи категории кои живеат во Богданци, Демир Капија, Битола, Прилеп и Скопје им додели 300 пакетчиња за деца и околу 200 пакети храна и хигиенски маски за една и за повеќе употреби.

Од клубот информираат дека работат на проектот „Глад“, затоа што бројките на гладни лица во светот растат постојано, од 2014 година, кога 8,9% од светската популација легнувале со празен стомак.

– Овие бројки се уште растат и се предвидува дека во 2030 година, бројот на гладни лица ќе достигне 840 милиони. Светот како да не знае да се справи со овој проблем додека 1/3 од светското производство на храна се фрла или уништува во синџирот на достава“, вели Соња Зафировска, координатор на Дистрикт 132 за проектот „Глад“.

Како што информираат од клубот, оваа прва акција е помогната од компаниите: Витаминка од Прилеп, Лион од Свети Николе и Армариум од Скопје. Тие велат дека ваквиот тип активности ќе продолжат да се реализираат секој месец и во иднина и дека сите заинтересирани фирми за донација на нераспилива и свежа храна може да контактираат со Лајонс клубот Алфа на lcalfaskopje@hotmail.com.ар/са/

Таг
Back to top button
Close
Close