0_Спорт.ПорталКошарка

ЛА лејкерс: Зборовите не можат да искажат колку Коби ни значи нам, на нашите навивачи и нашиот град

Лос Анџелес лејкерс објави пост на официјалниот клупски Твитер во врска со трагичната смрт на славниот играч на тимот Коби Брајант и неговата ќерка Џана.

Лос Анџелес, 30 јануари 2020 (МИА) – Лос Анџелес лејкерс објави пост на официјалниот клупски Твитер во врска со трагичната смрт на славниот играч на тимот Коби Брајант и неговата ќерка Џана.

– Ние сме уништени и засекогаш сменети од ненадејната загуба на Коби Брајант и неговата ќерка Џана. Ја споделуваме нашата тага со Ванеса, семејството Брајант, како и семејствата на другите патници.

Зборовите не можат да искажат колку значи Коби за Лејкерс, нашите навивачи и нашиот град. Повеќе од кошаркар, тој беше сакан татко, сопруг и соиграч. Нивната љубов и светлина засекогаш ќе останат во нашите срца, се вели во соопштението на Лејкерс. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close