Svet.SlajderБалканБалкан.Портал

Лајчак: Поддршка од 27 земји-членки на ЕУ за продолжување на дијалогот Белград-Приштина

Специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина, Мирослав Лајчак,  денеска изјави дека добил поддршка од 27 земји-членки на ЕУ за продолжување на дијалогот.

Брисел, 2 јуни 2020 (МИА) – Специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина, Мирослав Лајчак,  денеска изјави дека добил поддршка од 27 земји-членки на ЕУ за продолжување на дијалогот.

„Благодарам за силната поддршка што ја добив денеска од 27-те земји членки на ЕУ! Многу охрабрувачка дискусија за мојот мандат и за патот пред нас“, напиша Лајчак на Твитер по денеска одржаниот панел во Брисел.

Во исто време, тој сподели објава од австриската амбасадорка во ЕУ, Кристине Кокинакис, која на својот официјален налог на Твитер напиша дека се одржала одлична дискусија во Брисел со Лајчак за продолжување на дијалогот меѓу Белград и Приштина и за иднината на Западен Балкан во ЕУ. ссм/

Back to top button
Close
Close