0_Спорт.ПорталСпортФудбал

Л’Екип: ПСЖ прогласен за шампион на Франција поради раното завршување на сезоната

Пари Сен-Жермен е прогласен за шампион на Франција поради раното завршување на сезоната 1 во Лига 1, известува заменик-главниот уредник на „L’Equipe“ Жоел Доменигети.

Париз, 30 април 2020 (МИА) – Пари Сен-Жермен е прогласен за шампион на Франција поради раното завршување на сезоната 1 во Лига 1, известува заменик-главниот уредник на „L’Equipe“ Жоел Доменигети.

– Првенството заврши. Местата во табелата се фиксни. ПСЖ е шампион во Лигата 1, твитна новинарот.

Покрај парижаните, во Лигата на шампионите ќе играат и Марсеј и Рен. Лил, Римс и Ница ќе влезат во Лигата на Европа.

Амиен и Тулуз ќе испаднат, додека Лориен и Ленс ќе влезат од Лига 2 во елитната Лига 1.

Во моментот кога првенството запре, поради коронавирусот, парижаните беа во водство, пред вториот Марсеј со 12 бодови разлика. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close