0_Спорт.ПорталSport.SlajderКошарка

Л.А. Клиперс го затвори својот тренинг-центар поради позитивен тест за коронавирус

Секој од 22-та тима кои ќе учествуваат во плејофот во Орландо ќе се потпира на група до 35 играчи и персоналот за поддршка кои ќе бидат изолирани од надворешниот свет.

Лос Анџелес, 3 јули 2020 (МИА) – Л.А. Клиперс го затвори својот тренинг-центар откако беше пронајден позитивен тест за коронавирус во тимот. Тимот од Калифорнија презема мерки на претпазливост, бидејќи тимот треба да отпатува за Орландо в среда следната недела за да се подготви за рестартирање на сезоната во НБА кон крајот на јули. Според ЕСПН, можно е спортскиот објект повторно да биде отворен по дезинфекција.

Денвер Нагетс и Бруклин Нетс, исто така, ги затворија своите центри минатата недела, бидејќи позитивни на КОВИД-19 беа пронајдени во двата клуба.

Секој од 22-та тима кои ќе учествуваат во плејофот во Орландо ќе се потпира на група до 35 играчи и персоналот за поддршка кои ќе бидат изолирани од надворешниот свет.

Сезоната во НБА-лигата ќе продолжи на 30 јули.

Таг
Back to top button
Close
Close