0_Спорт.ПорталКошарка

Квалификации за Азиски куп во кошарка: Тајван победи со 104 разлика

Паралелно со квалификациите за Европското првенство во кошарка во 2021 година, почнаа квалификациите и за Азискиот кошаркарски куп од каде стигнува неверојатен резултат.

Тајван, 21 февруари 2020 (МИА) – Паралелно со квалификациите за Европското првенство во кошарка во 2021 година, почнаа квалификациите и за Азискиот кошаркарски куп од каде стигнува неверојатен резултат.

Тајван ја победи Малезија со 152:48 (по четвртини: 27:18, 37:14, 44:8, 44:8). Најефикасен беше домашниот кошаркар Жен Хуанг кој постигна вкупно 58 поени, десет повеќе од целата противничка селекција.

Вториот меч во групата меѓу Кина и Јапонија беше одложен поради епидемијата на корона-вирус. сѓд/ссм/

Back to top button
Close
Close