0_Македонија.ПорталПолитички партии

Кузеска: Поразениот од народот, не може да се повикува на народот

СДСМ смета дека протестите што ги најави лидерот на опозициската СДСМ Христијан Мицкоски се негови последни обиди за сопас на партиската функција. Му порачуваат на Мицкоски дека, како што  изјави партиската портпаролка Богданка Кузеска, поразениот од народот, не може да се повикува на народот.

Скопје, 7 септември 2020 (МИА) – СДСМ смета дека протестите што ги најави лидерот на опозициската СДСМ Христијан Мицкоски се негови последни обиди за сопас на партиската функција. Му порачуваат на Мицкоски дека, како што  изјави партиската портпаролка Богданка Кузеска, поразениот од народот, не може да се повикува на народот.

-Протестите што денеска ги најави се последните обиди на Мицкоски за спас на неговата фотелја во Белиот дворец. Очаен и фрустриран од третиот последователен пораз од граѓаните, тој повторно ќе ги малтретира своите сопартијци по улиците како што тоа го правеше и претходно после секој пораз, изјави денеска портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска.

Мицкоски за задутре  го најави првиот редицата протести на опозициската поради поскапувањето  на струјата.

Според СДСМ, денес за струјата глуми загриженост оној кој ја поскапи 100 проценти и ја укина евтината тарифа.

-Мицкоски ќе протестира против правдата која доаѓа, но нема да успее да ја спречи, правда ќе има. Христијан Мицкоски упорно не се откажува од определбата земјата да оди назад. Еве го, ќе протестира против европскиот пат и патот кој го избраа граѓаните, патот напред. Мицкоски ќе протестира против борбата со Ковид 19, против повисоки плати, ќе протестира против европскиот пат и патот кој го избраа граѓаните, патот напред, рече Кузеска.

Граѓаните, дополни таа, на фер и демократски избори му упатиле јасна порака на поразениот Мицкоски, го оставија во опозиција. Мицкоски нема поддршка од граѓаните и повторно нема да успее. Поразениот од народот, не може да се повикува на народот.

-Кога веќе ги најавува протестите, Мицкоски треба да каже и кој ќе му ја плати логистиката за нивно одржување. Орце Камчев или Никола Груевски? Или, математички прецизно ќе го сторат по принципот 50-50? На едната страна се граѓаните и нивната европска определба, на таа страна е и Владата, а на другата се Мицкоски, Груевски, Камчев и нивната определба да се оди назад. Мицкоски нема ниту сила ниту начин да ја однесе државата назад. Граѓаните, државата  продолжуваат по вистинскиот, европскиот, пат, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ остануваат заглавени во деструктивното, антидржавно однесување,. изјави Кузеска. лв/ац/

Back to top button
Close
Close