0_Македонија.ПорталПолитички партии

Кузеска: Мицкоски се јавувал во внатрешна контрола да врши притисок за случајот „Теретана“

Христијан Мицкоски си мислел дека МВР е МВРО-ВМРО па се јавувал во внатрешна контрола да врши притисок за случајот „Теретана“.

Скопје, 21 мај 2020 

Христијан Мицкоски си мислел дека МВР е МВРО-ВМРО па се јавувал во внатрешна контрола да врши притисок за случајот „Теретана“.
За Мицкоски сосема е нормално да крене телефон и да врши притисок врз полицијата за побрзо да се затвори неговиот случај со теретаната.
Дури и Наќе Чулев, под притисок на својот шеф, Мицкоски, побрза да го одбрани со незрела изјава дека припадниците на МВР не носеле ракавици туку тоа замислете, кажа дека  е „отсјај“ од светлото.
Целата јавност ја виде снимката среде најголемата здравствена криза.
Граѓаните видоа како Мицкоски си влегува во празна теретана, придружуван од командантот на единицата „Тигар“ и уште еден полициски службеник.
Ништо не е променето во ВМРО-ДПМНЕ. Неодговорното однесување на Мицкоски е дел од истата, режимска матрица на оваа партија.
Единствена цел е да ги заробат институциите и да ги злоупотребуваат за партиски и лични цели, на истиот начин како што тоа го правеа 11 години под менторство на Никола Груевски.
Мицкоски треба да знае – времето на привилегирани, на затворање на случаите со притисоци по телефон, заврши.
Истрагата на МВР е во тек и продолжува. Истрагата ќе утврди дали Мицкоски вежбал во време кога на сила се забраните против коронавирусот и кога се затворени ваквите објекти, и дали има одговорност.
Сепак, ќе остане запаметено дека за време на најголемата здравствена криза Христијан Мицкоски се однесуваше крајно неодоговорно, несериозно и незрело.
П: Дали има некакви контакти или неформални разговори со власта за избори, кога би била наредната лидерска средба, дали за СДСМ би бил прифатлив датум во јули, особено што има многу нови заболени овие денови? 
СДСМ е одговорна партија, ние сакавме компромис и затоа и учествуваме на лидерските средби. Но, ако ВМРО-ДПМНЕ не сака договор, ние нема нема да дозволиме штета на државата и граѓаните. Договор за одржување на Предвремените Параламентарни избори е можен се додека трае вонредната состојба. Понатаму стапува на сила законот кои вели дека изборите треба да се одржат на 21 јуни. Ние мора да водиме грижа за сите аспекти, грижа за државата, за здравјето на граѓаните и секако да се обезбедат функционални институции. Не смееме да дозволиме да се нанесе штета на државата, штета на граѓаните и никако не смееме да дозволиме земјата да ја воведеме во уставна криза.
Прес-конференција на Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ

_____________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close