СветСвет.Портал

Кувајт ја зајакнува одбраната со 84 ракети Патриот

САД синоќа одобрија продажба на 84 ракети Патриот на Кувајт, во висина од околу 1,4 милијарди долари

Вашингтон, 29 мај 2020 (МИА) – САД синоќа одобрија продажба на 84 ракети Патриот на Кувајт, во висина од околу 1,4 милијарди долари.

– Продажбата ќе придонесе за зголемена безбедност на главниот сојузник, кој не е член на НАТО и е важен фактор на политичката стабилност и економски напредок на Блиски Исток, се наведува во соопштението на Стејт департментот.

Исто така се посочува дека ракетите Патриот ПАЦ-3 „ќе ја зголемат способноста на Кувајт да одговори на актуелните и идни закани и да ја гарантира безбедноста на својата нафтена и гасна инфраструктура“, алудирајќи на нападите врз саудиските нафтени постројки во септември 2019 година, за што Вашингтон го обвини Иран.

Вредноста на договорот за 84 пресретнувачки ракети и опрема, произведени од американската воена групација „Локхед Мартин“ се проценува на 900 милиони. Додека за одржување, обука и техничка помош, што ќе биде обезбедена од „Локхед Мартин“ и производителот на воена опрема „Рајтеон“ предвидени се 425 милиони долари.

Договорот предвидува и поправка и враќање на старата опрема, за што „Локхед Мартин“ и „Рајтеон“ ќе добијат 200 милиони долари. ми/

Таг
Back to top button
Close
Close