Дописници МКДОпштински вести

Куртовски: Заедно да продолжиме да ја правиме општината поубаво место за живеење за сите

Актуелниот градоначалник Медат Куртовски, ќе ја побара вторпат довербата од жителите на општина Маврово и Ростуше, на локалните избори што треба да се одржат во октомври годинава.

Дебар, 14 јули 2021 (МИА) – Актуелниот градоначалник Медат Куртовски, ќе ја побара вторпат довербата од жителите на општина Маврово и Ростуше, на локалните избори што треба да се одржат во октомври годинава.

Одлука за тоа донесе Извршниот одбор на СДСМ, а го соопшти партискиот претседател Зоран Заев, откако е оценето дека поради успешноста на Куртовски ја заслужува поддршката да биде кандидат за градоначалник.

– Честа е голема, а уште поголемо е задоволството кога трудот, работата и посветеноста се препознаваат, се вреднуваат и се ценат. Сите заедно да продолжиме да ја правиме општината поубаво место за живеење за сите наши сограѓани. Нема поголема чест и обврска да им се служи на своите граѓани. СДСМ тоа во изминатите години го правеше најдобро што можеше и ќе продолжи да го прави уште подобро и во иднина. Најдоброто за нашата општина, напиша Куртовски во објава на Фејсбук.

Исто така тој искажува благодарност за укажаната доверба.

– Сакам да се заблагодарам на претседателот Зоран Заев и на целото раководство на СДСМ за укажаната доверба повторно да бидам кандидат за градоначалник. Исто така се заблагодарувам на раководството, членовите и сопартијците на СДСМ Маврово и Ростуше за поддршката и единството, се наведува во објавата.

Ветува дека ќе продолжи со максимална ангажираност, транспарентост и домаќинско работење, во соработка со граѓаните, чии барања и потреби за него секогаш биле и ќе бидат приоритет. вт/цр

Таг
Back to top button
Close
Close