0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Куртоа пред Ел класико: Реал е најдобриот тим на светот, тука сме да освоиме повеќе трофеи

Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа ги сподели своите очекувања за денешното дерби со Барселона во Ла Лига.

Мадрид, 24 октомври 2020 (МИА) – Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа ги сподели своите очекувања за денешното дерби со Барселона во Ла Лига.

– Ова се специјални натпревари на кои сонувате да учествувате, и во кои секоја екипа се стреми да победи. Се надеваме дека ова ќе помогне да се победи Барселона. Ел класико е важно, прва средба помеѓу два гиганти. Иако сезоната е долга и трите бода на овој натпревар се исти како и на кое било друго коло. Ако победиме, не треба да се опуштаме, затоа што мора да продолжиме да победуваме. Ако резултатот е различен, не смеете да дозволите да влијаете врз вас. Поминувам низ многу добар момент во мојата кариера. Јас сè уште мислам дека има простор за подобрување.

Сега е многу прекрасен момент за клубот во кој играм. Ние сме најдобриот тим на светот и ние сме тука за да освоиме повеќе трофеи. Ако тимот е обединет, противникот ќе биде многу тешко да не победи, истакна Белгиецот.

Натпреварот Барселона – Реал Мадрид се игра попладне со почеток во 16 часот. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close