БалканБалкан.Портал

Курти: Не прифаќам примопредавање, новата косовска Влада е бескорисна

Лидерот за Самоопределување и поранешен вршител на должноста премиер на Косово Албин Курти изјави дека новата Влада, предводена од функционерот на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) Авдулах Хоти е бескорисна и рече дека тој ќе ја продолжи борбата и набргу ќе се врати во извршната власт.

Приштина, 3 јуни 2020 (МИА) – Лидерот за Самоопределување и поранешен вршител на должноста премиер на Косово Албин Курти изјави дека новата Влада, предводена од функционерот на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) Авдулах Хоти е бескорисна и рече дека тој ќе ја продолжи борбата и набргу ќе се врати во извршната власт.

Курти, исто така, рече дека нема да прифати примопредавањето со некој што го разрешил додека бил премиер.

Тој повтори дека е неприфатлива неодамнешната одлука на Уставниот суд за указот на косовскиот претседател Хашим Тачи да го назначи Хоти за мандатор, јави приштинска „Коха“. ссм/

Back to top button
Close
Close