БалканБалкан.ПорталДописници СветСвет.Слајдер

Курти до министрите на првата владина седница: Имате столици, но повеќе ќе стоите на нозе

Новиот косовски премиер Албин Курти, веднаш по свеченото примање на должност, ја одржа денеска првата церемонијална седница со членовите на Владата, на кои им порача дека во неговиот кабинет нема да има одвоени партии, туку единствен владин тим, јави дописникот на МИА од Приштина.

Приштина, 4 февруари 2020 (МИА) – Новиот косовски премиер Албин Курти, веднаш по свеченото примање на должност, ја одржа денеска првата церемонијална седница со членовите на Владата, на кои им порача дека во неговиот кабинет нема да има одвоени партии, туку единствен владин тим, јави дописникот на МИА од Приштина.

Шефот на извршната власт метафорично им порача на министрите дека ги имаат столиците, но повеќе ќе стојат на нозе и ќе работат.

– Првите сто дена ќе бидат денови исплонети со максимално ангажирање и посветеност. Столиците ги имаме, но повеќе ќе стоиме на нозе. Нашиот план е амбициозен, но и очекувањата на граѓаните се големи. Очите на сите граѓани се вперени во овој владин кабинет. Мандатот ни е повеќе за служење одошто за заповедање, рече Курти, оценувајќи дека шансите на оваа Влада за успех се големи.

Тој најави дека состаноците на владиниот кабинет ќе бидат чести, со цел координација на работите.

– Да не заборавиме, нашето владеење е огледалото во кое граѓаните сакаат да се гледаат себеси. Нека биде тоа одразот кој тие сакаат постојано да го гледаат, порача Курти.

Кабинетот на Курти, кој беше изгласан вчера од Собранието на Косово, има двајца вицепремиери и 15 министри. По еден заменик претседател и по шестмина министри имаат Движењето Самоопределување на Курти и Демократскиот сојуз на Косово на Иса Мустафа, двете досега опозициски партии кои победија на изборите од 6 октомври, двајца министри се од партијата на косовските Срби, Српска листа и една министерка од групата „Г-6“ на другите немалцински заедници.

На церемонија со државни почести, должноста премиер на Курти претпладнево, во отсуство на досегашниот претседател на Владата во оставка Рамуш Харадинај, му ја предаде досегашниот вицепремиер и шеф на косовската дипломатија Беџет Пацоли.иа/сд/

Back to top button
Close
Close