ЕвропаЕвропа.Портал

Курц во Берлин на средба со Меркел за ЕУ

Австрискиот канцелар Себастијан Курц денеска отпатува во дводневна посета на Германија, каде што ќе се сретне со германската колешка Ангела Меркел.

Виена, 3 февруари 2020 (МИА) – Австрискиот канцелар Себастијан Курц денеска отпатува во дводневна посета на Германија, каде што ќе се сретне со германската колешка Ангела Меркел.

Во фокусот на разговорите ќе биде ЕУ.

Како што е најавено во Виена, Курц ќе се сретне и со шефицата на владејачката ЦДУ Анегрет Крамп Каренбауер и претседателот на Германија Франк Валтер Штајнмаер.

– Германија е нашиот најголем сосед, нашиот најважен трговски партнер и значајна членка на ЕУ, порача Курц во пресрет на патувањето.

Тој истакна дека во интерес на Австрија е да има што поблиски и поредовни контакти со Германија. паг/

Таг
Back to top button
Close
Close