ЕвропаЕвропа.Портал

Курц: Одлично сме подготвени за коронавирусот, нема место за паника

Австрискиот канцелар Себастијан Курц, откако се потврдени првите случаи на коронавирус во Австрија, изјави денеска дека властите одлично се подготвени.

Виена, 25 февруари 2020 (МИА) – Австрискиот канцелар Себастијан Курц, откако се потврдени првите случаи на коронавирус во Австрија, изјави денеска дека властите одлично се подготвени.

– Ги презедовме сите мерки за колку е можно подобро спречување на ширењето на вирусот, истакна Курц кој се наоѓа во посета на Лондон.

Тој нагласи дека приоритет е заштита на населението на Австрија и преземање се што е потребно за да се спречи ширењето на болеста.

Според него, важно е во Австрија и Европа да постои реална проценка на ситуацијата, укажувајќи дека нема место за паника. гт/

Таг
Back to top button
Close
Close