ЕвропаЕвропа.Портал

Курц: Антисемитизмот и омразата немаат место во нашето општество

Австрискиот канцелар Себастијан Курц денеска, по повод Денот на сеќавање на холокаустот, порача дека антисемитизмот, расизмот и омразата не смеат никогаш да имаат место во австриското општество.

Виена, 27 јануари 2020 (МИА) – Австрискиот канцелар Себастијан Курц денеска, по повод Денот на сеќавање на холокаустот, порача дека антисемитизмот, расизмот и омразата не смеат никогаш да имаат место во австриското општество.

Курц во соопштение нагласува дека поважно и кога било е да се сеќаваме на жртвите од холокаустот.

Тој истакна дека е неопходно да се води борба против сите облици на антисемитизмот, како и антиционизмот.

– Ние мора да извлечеме правилни поуки од злосторството за сегашноста и иднината и да се соочиме искрено и безусловно со минатото, истакна Курц.

Според него, Австријците имаат обврска одлучно да се спротивстават на антисемитските тенденции дома и во странство. паг/

Таг
Back to top button
Close
Close